Жените опседнати со водата од РУЗМАРИН! Косата РАСТЕ ПОБРЗО, го спречува опаѓањето и лесно се подготвува – има и ТАЈНА состојка

popara22 јуни, 20241min00
Screenshot_7

Рузмаринот е спасител број еден за коса која е слаба и склона кон опаѓање. Ова растение содржи извонредна супстанца, урсолна киселина, која активно ја стимулира циркулацијата на крвта во скалпот. Тоа значи дека повеќе кислород, витамини и хранливи материи ќе допрат до коренот на косата, што ќе придонесе за брз раст на нови влакна.

 

 

 

Регенеративните својства на рузмаринот ја подобруваат состојбата и изгледот на косата и даваат сјај, еластичност и цврстина. Покрај тоа, рузмаринот придонесува и за заздравување на скалпот, благодарение на неговите антивоспалителни, антисептични и антигабични својства. Здравиот скалп е клучот за добар раст на косата и ветување за спречување на прекумерното опаѓање, стои во објавата на порталот за убавина „Мејк ап енд бјути“

 

 

Нема смисла да се чека косата сама од себе да почне сама да расте, а исто така, не треба да се трошат многу пари на рекламираните „иновативни“ производи за коса. Природата има се што му е потребно на нашето тело за здравје и убавина.

 

Совет: Можете да пиете и чај од рузмарин секој ден во текот на еден месец и да забележите подобрување во растот на косата доколку страдате од силно опаѓање на косата.

 

„Мејк ап енд бјути“ предлага да пробате ефикасен домашен рецепт кој ќе ви помогне да го запрете опаѓањето на косата и да го вратите нејзиниот атрактивен волумен.

 

Потребни состојки:

– 3 лажички сув рузмарин (или 3 гранчиња свеж)

– 350 мл вода

– шише со распрскувач

 

Подготовка:

  1. Во тава сипете 3 чаши вода која треба да зоврие.
  2. Додадете суви или свежи листови рузмарин во зовриена вода и оставете го да врие уште 2-3 минути. Водата почнува да ја менува својата боја во темно кафеава. Исклучете ја ринглата и оставете го рузмаринот да отстои неколку часа, додека целосно не се излади.
  3. Водата од рузмарин процедете ја во шише со распрскувач. Ако сакате можете да додадете и неколку капки (4-5) масло од рузмарин во шише со тоникот од рузмарин, но тоа е по избор.
  4. Не заборавајте да го протресете шишето пред секоја употреба.

 

Како да користите тоник и регенератор за коса од рузмарин:

Само испрскајте го тоникот на вашата коса од коренот до врвовите по секое миење на косата (2 до 3 пати неделно).

Тоникот можете да го користите дури и ако не страдате од опаѓање на косата бидејќи ја подобрува состојбата на косата.

 

Придобивките од тоник за коса од рузмарин

  • Ја прави вашата коса мека и сјајна.
  • Ги стимулира фоликулите на косата за побрз раст.
  • Ја зајакнува косата. Се бори против првут, чешање и ронлив скалп.
  • Многу поефтин во споредба со другите производи за третман на коса со рузмарин достапни на пазарот.

 

Недостатоци на тоникот

Силен мирис, но со оглед на придобивките, можете да го игнорирате мирисот дури и ако не ви се допаѓа, бидејќи не трае долго.

 

Мерки на претпазливост и предупредувања:

Не користете рузмарин ако сте бремени или доите или ако страдате од висок крвен притисок. Големото внесување на рузмарин може да предизвика повраќање, крварење на матката, иритација на бубрезите, зголемена чувствителност на сонце, црвенило на кожата и алергиски реакции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag