Многу фактори влијаат каков љубовник ќе биде мажот и дали интимниот однос ќе биде добар или лош.
Според студијата на Socioaffective Neuroscience&Psychology, една особина покажува дека мажот може да биде добар љубовник. Стручњаците со истражување на сексуалното минато на жените се обиделе да заклучат со какви партнери имале најдобар сексуален однос.
Во истражувањето учествувале жени на возраст до 69 години кои не се во врска или во брак затоа што стручните лица сметале дека жените кои се во врска ќе чувствуваат обврска да дадат подобра одценка на својот сегашен партнер, дури и ако реално не ја заслужува. Испитаничките во 70-минутен тест одговарале на разни прашања поврзани со својот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори истражувачите заклучиле дека најдобар сексуален однос имале со духовити мажи.
Смислата за хумор се покажала како одличен предзнак за сексуалните вештини кај еден маж. Опуштен разговор и духовитост се важни за добра комуникација меѓу партнерите, за подобра меѓусебна поврзаност и на крај секако за добар секс.
Меѓу другите квалитети се нашла и креативноста. Мажите кои се креативни на други полиња во животот, полесно ја искажуваат кретивноста во кревет. Мажите со тие квалитети покажале поголем интерес за сексуалното задоволство на своите партнерки од мажите кои не ги поседуваат.