Целта на британското истражување спроведено на примерок од пет илјади жени од различна возраст била да се открие кои машки гестови во бракот жените најмногу ги ценат. Иако одговорите биле многу различни, некои од нив често се повторувале.
Квалитетите на добар сопруг, кои ги издвоиле најмногу жени (71 отсто од нив) се довербата и лојалноста, додека на второ место имало мали знаци на внимание, односно фактот дека партнерот знае што им се допаѓа и што ги прави среќни.
Со оглед на тоа дека листата на квалитети на најдобриот сопруг и партнер е многу долга, ги издвоивме 10-те најчести одговори, кои ако се соберат откриваат како треба да изгледа совршен сопруг.
10 КАРАКТЕРИСТИКИ КОИ ГО ОПИШУВААТ НАЈДОБРИОТ МАЖ/ПАРТНЕР
- Ви верува.
- Верен е и лојален.
- Знае што сакате.
- Ја цени вашата потреба за време за себе.
- Тој ви е добар пријател.
- Ви помага да бидете подобра личност.
- Секогаш можете да му се пожалите.
- Се смеете заедно.
- Можете да почувствувате колку ве сака.
- Ви помага во домашните работи.