Таа веќе има две деца со поранешниот сопруг.
Светот остана без зборови кога во јавноста протече веста за бременоста на Жизел Бундхен.
Една од најпознатите манекенки на денешницата уште еднаш ги изненади своите фанови, потврдувајќи дека чека дете со својот партнер, џиу-џицу инструкторот Хоаким Валенте.
Веста дојде само неколку месеци по нејзиниот развод со Том Брејди, покажувајќи уште еднаш дека е подготвена за ново поглавје во нејзиниот живот.
За време на Денот на благодарноста, Жизел и Хоаким уживаа во романтичен одмор на плажата Санта Тереза во Костарика. Папараците ги фотографираа во опуштено и љубовно расположение како си разменуваат нежности додека шетаат по песокот.
Убавата Бразилка гордо го покажа трудничкиот стомак под бел проѕирен фустан од тантела, под кој се гледаше црна комбинација на бикини. Својот лежерен изглед го комплетираше со едноставни зелени влечки и очила за сонце.
Јоаким избра едноставна комбинација: маслинесто зелена маичка и бермуди, заедно со црни апостолки.
Иако изгледаа целосно посветени еден на друг, друштво им правеше и саканиот германски овчар на Жизел, Алфи, кој среќно трчаше во близина.
Интересно е што празниците ги поминале заедно со нејзините деца од бракот со Том Брејди – четиринаесетгодишниот Бенџамин и единаесетгодишната Вивиен.
-Жизел ги зеде децата и отиде во Костарика со Хоаким да го поминат одморот заедно – открил извор близок на парот. Том, пак, беше зафатен со професионални обврски.
– Тој ден за „Фокс спортс“ ја пренесуваше играта на Далас Каубојс против Њујорк Џајантс и беше посветен на работата – додаде инсајдерот.
Љубовната приказна меѓу Жизел и Хоаким започна во јуни 2023 година, само неколку месеци по нејзиниот развод. Нивната врска набрзо стана сериозна, а на крајот на октомври оваа година беше потврдено дека чекаат дете.
– Тие се многу среќни што го започнуваат ова ново поглавје во нивните животи – рекол извор близок до парот.
Сепак, веста за нејзината бременост го изненадила и Том Брејди.
– Знаеше дека работите се сериозни меѓу Жизел и Хоаким, но никогаш не помислуваше дека ќе добијат заедничко дете. Беше шокиран кога Жизел му ја соопшти веста – откри инсајдерот.
Додека Жизел и Хоаким се подготвуваат за доаѓањето на новиот член на семејството, Жизел зрачи со среќа и спокојство. Нејзината одлука целосно да се посвети на љубовта и семејството дополнително ја илустрира нејзината сила и одлучност да го живее животот според сопствени правила.