Жизел Бундхен проговори за разводот со Брејди и не можеше да ги задржи солзите

popara8 март, 20248min00
Жизел Бундхен

Се чинеше дека нејзиното интервју за специјалното издание на ABC за нејзиниот живот по разводот и воспитувањето на децата што ги има со американскиот фудбалер Том Брејди ќе изгледа поинаку, но славната манекенка ја совладаа емоциите.

Една од најубавите и најуспешните манекенки во светот, Жизел Бундхен се согласи да разговара со новинарката Робин Робертс за американската телевизиска компанија ABC. Трејлерот од интервјуто, кој всушност е најава за специјалното за животот на познатата манекенка „Жизел Бундхен: Искачување на планината“ и наскоро ќе пристигне на стриминг платформата Hulu, откри бура од емоции на манекенката. Имено, разговорот меѓу топ моделот и новинарката се одвивал без проблеми се до моментот кога Робин ја потсетила на нејзиниот опис на разводот со Том Брејди  и и поставила едноставно прашање: „Како си?“

Се испостави дека тоа е еден вид тригер што предизвика лавина од емоции кај 43-годишната манекенка.

„Па, кога ќе се каже така…“, почна да зборува Жизел, а потоа застана и неочекувано заплака. Таа брзо ја сврте главата и побара да се исклучат камерите за да се смири. Неочекуваниот момент го пренесоа светските медиуми и се прошири низ социјалните мрежи. Покрај неочекуваната лавина чувства, јавноста ја трогна и изјавата на Жизела: „Ме води срцето, каде е, таму сум. Ја живеам својата вистина и не се извинувам за неа“.ABC го најавува целиот специјал како длабоко лично интервју во кое супермоделот ќе го отвори својот дом во Јужна Флорида. Покрај тоа, таа ќе разговара за подемите и падовите на нејзината кариера и за новата книга „Nourish: Simple Recipes to Empower Your Body and Feed Your Soul: A Healthy Lifestyle Cookbook“, како и за заедничкото родителство со Том Брејди по разводот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Имено, Жизел и Том од тринаесетгодишниот брак ги имаат синот Бенџамин (14) и ќерката Вивијан (11). На прашањето како изгледа нејзиното секојдневие сега, таа криптично рече: „Мислам дека има денови кои се полесни од другите, кога можам да контролирам што правам во тој момент“.

Објавата за развод на некогаш среќната двојка во октомври 2022 година ја шокираше јавноста. Тоа го објави Том Брејди на својот Инстаграм профил.

“Неодамна мојата сопруга и јас го финализиравме разводот по 13 години брак. Дојдовме до оваа одлука пријателски и со благодарност за времето поминато заедно. Благословени сме со прекрасни  деца кои ќе продолжат да бидат центарот на нашиот свет.Ќе продолжиме да работиме заедно како родители за секогаш да се погрижиме да ја добијат љубовта и вниманието што го заслужуваат“, напиша тогаш Брејди.

Проблемот, како што подоцна се испостави, беше, меѓу другото, неговото прекршено ветување дека по одлуката да се пензионира на 44 години во февруари 2022 година, нема да се врати во американскиот фудбал. Сепак, по само 40 дена, тој се врати во Тампа Беј Баканиерс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Нејзиниот поранешен, во меѓувреме, се пресели и се забавуваше со топ моделот Ирина Шајк, додека Жизел среќата ја најде со учителот џиу-џицу Хоаким Валенте.

„Хоаким беше со Жизел за време на нејзиниот развод, како пријател, а минатото лето тие станаа пар“, неодамна откри извор близок на манекенката за UsMagazine.

Сега, сепак, се испостави дека таа има непролеани солзи во себе, и покрај нејзината среќна врска со друг. А што откри Жизел во интервјуто, ќе дознаеме наскоро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag