Жолти дуксери се во тренд: Тејлор Свифт покажа како ги комбинира оваа есен

popara20 октомври, 20244min00
103668_profimedia-0919372108_f

Оставете ѝ на Тејлор Свифт да направи обична комбинација впечатлива.

Пејачката (34) во петокот, на 18 октомври, на Инстаграм објави дека се враќа за да ја заврши последната етапа од нејзината турнеја „Eras“. Таа во видеото, заедно со песната „WHATCHU KNO ABOUT ME“ во изведба на ГлоРила и Се*си Ред, зачекори на стадионот Хард Рок во Мајами, Флорида додека во раце ја држеше Оливија Бенисон, една од нејзините три мачки.

„Назад во канцеларија“, напиша ѕвездата во описот.

Таа носеше едноставна, но стилска облека составена од светли фармерки со широки ногавици и жолт дуксер од Ралф Лорен.

Добитничката на Греми носеше и кафени сандали со потпетици од Луј Витон и очила за сонце. Нејзините избледени фармерки се популарните фармерки Popi од Icon Denim.

Свифт изминатава година настапуваше на својата турнеја „Eras“ низ Европа, Азија и Австралија. По пет настапи на стадионот „Вембли“ во Лондон, пејачката уживаше во кратка пауза со своето момче Тревис Келси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Двојката неодамна помина во Њујорк, кога беа видени како се дружат со Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс.

Во понеделник, 14 октомври, Свифт и Келси присуствуваа на натпреварот од американската лига помеѓу Њујорк Јенкис и Кливленд Гардијанс на стадионот Јенки, каде што носеа црни комбинации погодни за ноќно излегување. И двајцата носеа капи и црни јакни.

Во петокот, 18 октомври, Тејлор го започна тридневниот настап во Мајами пред да се упати во Њу Орлеанс, Луизијана и Индијанаполис, Индијана. Во декември тие ќе ја завршат турнејата низ Канада, кога ќе настапат во Торонто и Ванкувер, пишува People.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag