Жолти, зелени, со црни точки: Кои банани се најздрави, а кои треба да ги избегнувате заради болести?

popara14 јануари, 20241min00
73868_banane-shutterstock-1955093068_f

И зрелите банани и малку зелените се добри за телото, но секоја различно влијае.

Презреани банани со темни дамки

Колку бананата е потемна, односно колку повеќе темни дамки има, толку е побогата со витамините Б и Ц, содржи калиум и антиоксиданси. Полесно се вари. Целосно кафените банани се преполни со антиоксиданси. Ваквите банани во основа се полни со шеќер кој е направен од скроб. Послатки се, поради што многумина ги користат при подготовка на колачи.

Зелени банани

Зеленикавите и поцврстите банани се богати со пробиотски бактерии кои добро влијаат на здравјето на дебелото црево. Тие содржат помалку шеќер од целосно зрелите банани и повеќе скроб. Скробот е одговорен за подолго чувство на ситост. Истражувањата сугерираат дека недоволно зрелите банани имаат 80 до 90 проценти јаглехидрати кои, како што созреваат бананите, се претвораат во слободни шеќери. Затоа е подобро луѓето кои страдаат од висок шеќер во крвта и дијабетес да јадат помалку зрели банани, вели британскиот нутриционист Ријанон Ламберт за „Дејли мејл“. Тој додава дека зелените банани содржат отпорен скроб кој луѓето не можат да го сварат и со кој се хранат бактериите. Како што бананата станува позрела, скробот се претвора во едноставен шеќер и полесно се вари.

Жолти банани

Зрелите банани полесно се варaт и се подобра опција за луѓе кои имаат проблеми со запек, а сите видови се богати со калиум. Кога станува збор за консумацијата на бананите и влијанието врз здравјето, треба да внимаваат единствено луѓе кои имаат висок шеќер и дијабетес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag