Забележавте црвена дамка во јајцата? Еве за што се работи

popara31 мај, 20241min00
1717143809-pexels-andiecumber-3568167-750x500

Иако црвените дамки се нормална појава кај јајцата, научниците откриваат кога таквите јајца не треба да се јадат.

Многу луѓе грешат затоа што веруваат дека крвавата точка во жолчката укажува дека јајцето е оплодено. Но, тоа не е така. Ова понекогаш се појавува во јајцето бидејќи капиларот во јајниците на кокошката несилка пукнал.

Дали тоа ќе се случи зависи од возраста на кокошката, видот на храната што ја јаде итн., но тоа не значи дека јајцето не е добро за јадење, тврдат експертите. Ова е всушност нормална појава.

Може да има и црвена течност во белката

Една жена од Кина пред неколку години се изненадила кога видела црвена течност слична на крв во белката на јајцето.

Во една продавница купила 15 јајца, поскапи од другите оти кокошките наводно јаделе само инсекти. Таа ги повикала новинарите, а тие го истражиле случајот.

Во продавницата тврделе дека мора да е така бидејќи се специјални јајца. Отишле и кај произведувачот кој се обидел да ги убеди дека кокошките имаат менструација.

Меѓутоа, научниците им објасниле дека црвеникавата течност може да се појави во белката од јајце од две причини: поради паразитска бактерија која живее во дебелото црево на кокошката несилка и предизвикува воспаление на јајцеводите или поради тоа што кокошките се хранат забранета храна.

Тие забележаа дека кокошките немаат менструација и советуваа да не јадат такви јајца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag