Заборавете на вино: Варениот џин одлично ќе се вклопи со празничната атмосфера

popara28 декември, 20241min00
b_241228053

Доколку сте љубители на варено вино, дефинитивно треба да пробате варен џин. Многу лесно се подготвува, а ќе ве воодушеви со својот мирис и вкус.

Варениот џин одлично ќе се вклопи во атмосферата и мирисите на новогодишните празници.

Состојките што ќе ви бидат потребни се:

500 милилитри џин
еден литар сок од јаболко
сок од еден лимон
сок од еден портокал
неколку парчиња лимон, портокал и јаболко
зачини (стапчиња цимет, неколку каранфилчиња, анасон)
мед или гранулиран шеќер по желба

Подготовка:

Во тенџере на тивок оган загрејте го сокот од јаболко и додадете ги зачините. Можете да користите цимет, каранфилче и звезден анасон, а можете да комбинирате и други слични зачини како ѓумбир.

Додека се загрева сокот од јаболко, исцедете еден лимон и еден портокал и додадете ги во тенџерето. За тоа време, исечете неколку парчиња лимон, портокал и јаболко (по можност јаболка грени смит).

Додадете парчиња овошје, истурете џин и кратко промешајте. Џинот не треба да врие, па доволни се само неколку минути за да се загрее се. Додадете мед или шеќер по желба и послужете додека е уште топло. Можете исто така да додадете некои други видови овошје како боровинки.