Сексот не само што ни причинува задоволство, туку и позитивно влијае на нашето здравје, но како всушност влијае на нашиот организам и дали постои права мера?
Што вели еден сексолог и уролог:
- Сексот го победува лошото расположение
Кога ќе се спомне поимот секс, многумина помислуваат на добро расположение и воопшто не грешат, бидејќи сексот навистина не прави повесели.
„Нерасположението и депресијата негативно влијаат на сексуалниот живот, истото важи и во обратната насока, недостатокот на секс не прави нерасположени“ – вели еден сексолог.
Во текот на сексот се лажи ендорфинот – невротрансмитер која ја ублажува болката и го подигнува нашето расположение. Во тие моменти се лачи и окситоцинот еден од хормоните кои ве прават посреќни. Овој хормон се лачи четири пати повеќе кај жените отколку кај мажите.
Во текот на сексот се зголемува и нивото на серотонин, хормонот кој е одговорен за насмевката и чувството на среќа и релаксираност по сексот.
Што се однесува до депресијата, едно истражување направено на 300 жени, покажало дека жените кои имаат редовен секс, помалку страдаат од депресија од оние кои немаат активен сексуален живот.
- Сексот помага да се ослободиме од настинката
Еден сексолог вели дека тој позитивно влијае на нашиот имунитет, но како? Вели дека сексуалните односи го подигнуваат нивото на имуноглобулинот А.
Едно истражување во кое учествувале 11 луѓе покажало дека оние кои имаат почести сексуални односи имаат за 30% поголемо ниво на имуноглобулинот А.
- Сексот не прави долговечни
Овој ефект е поврзан со фактот дека сексот не прави посреќни и позадоволни преку ослободувањето на сексуалната енергија.
„Кога сексуалната енергија не се ослободува преку самиот чин, често се ослободува на сосема погрешни начини“ – објаснува еден сексолог.
Неколку истражувања кои се однесуваат на сексот и долговечноста нивната поврзаност ја објаснуваат преку делувањето на хормонот DHЕA – хормон кој многу научници го нарекуваат и мајка на сите хормони.
Нивото на овој хормон непосредно пред оргазмот се зголемува за трипати повеќе од вообичаено.
- Сексот е добар за срцето
На ова поле има спротивставени истражувања. Едно истражување објавено во списанието „Journal of Sex & Marital Therapy“ тврди дека луѓето кои во просек имаат секс по 12 пати имаат поголеми разлики во ритамот на отчукување на срцето, а тоа го намалува ризикот од срцеви болести.
Друго истражување тврди направено од страна на Универзитетот во Белфаст тврди дека луѓето кои имаат секс трипати неделно се изложени на двапати помал ризик од срцев удар.
Некои пак, сметаат дека сексот за постарите мажи го зголемува ризикот од срцев удар, ако не се одржуваат физичкото здравје и кондицијата.
- Совет плус
Она што треба да го запаметите е дека сексот е индивидуална работа.
„Важно е да бидете умерени, да не претерувате и да не го сметате сексот како обврска и два до трипати месечно и еднаш месечно е сосема во ред, ако тоа е во склад со вашите потреби“ – заклучуваат сексолозите.
Значи, важно е да ги следите вашите потреби.