Актерот Шанс Пердомо, познат по улогите во сериите „Застрашувачки авантури на Сабрина“ и „Ген V“, почина на 27-годишна возраст.
Шанс го толкуваше ликот на Амброуз Спелман во серијата „Застрашувачки авантури на Сабрина“, модерна верзија на серијата „Сабрина тинејџерската вештерка“, како и ликот на Андре Андерсон во серијата „Ген V“, која е спиноф на серијата „Момците“.
Тој загинал како последица на сообраќајна несреќа со мотор, изјавиле неговите претставници за The Hollywood Reporter.
„Неговата страст за уметност и ненаситна желба за живот беа очигледни за сите што го познаваа, а неговата топлина ќе живее во срцата на оние кои најмногу го сакаа“, се вели во соопштението на неговите претставници. „Бараме да ја почитувате желбата на семејството за приватност додека тагуваат за својот сакан син и брат“.
Во несреќата немало други учесници.