Научниците открија дека постои начин да ги изгубите вишокот килограми без да се потите и да не следите диета. Тие тврдат дека само вдишување одредени мириси кога сте гладни може да доведе до губење на тежината со намалување на вашиот апетит.
Во истражувањето објавено во списанието „Journal of Neurological and Orthopedic Surgery“, кое го водел неврологот д-р Алан Хирш, учествувале 3.193 дебели луѓе кои биле подложени на вдишување на различни мириси кога чувствувале глад, пишува „Њујорк Тајмс“.
Испитаниците кои вдишувале губеле во просек по два килограми месечно, а меѓу најефективните мириси се издвојувале мирисите на јаболко и нане.