Природно и достапно
Кокосовото масло одамна се покажало дека е корисно во козметиката. Се додава во производите за нега на тело, лице и нокти, но најмногу делува на косата уште при првите третмани.
За да ја направите вашата коса мека и мазна, направете маска од кокосово масло и мед.
Во сад ставете 2 лажици ладно цедено кокосово масло и загрејте во микробранова печка 20 секунди.
Потоа додадете 2 лажици мед и мешајте додека не добиете еднолична маса.
Нанесете ја маската на малку влажна коса и оставете да отстои најмалку 40 минути, а потоа измијте ја со шампон.
Користете ја оваа маска еднаш неделно и нема да чекате долго за фантастични резултати.