Една готвачка тврди дека не треба да ги миете печурките, туку ја отстранувате целата нечистотија од нив со лупење.
Анита сподели видео на Тик Ток во кое тврди дека кога се мијат печурките со вода, тие ја впиваат сета таа вода, што им го расипува вкусот. Таа покажува како прво го вади стеблото од печурките, а потоа ги превртува и ја лупи „капата“.
Сепак, нејзиното видео предизвика спротивставени коментари бидејќи некои се прашуваат како е можно некој да не лупи печурки, додека други коментираат дека воопшто не знаеле дека печурките може да се лупат.