Затегната кожа, а нема да ве чини ништо: Оваа техника ја користи Хејли Бибер, а се што ви треба е во кујната

popara24 јули, 20244min00
95092_hejli-biber_f

Совршено обликуваното лице на холивудските гиганти како Хејли Бибер е сон на речиси секоја жена, иако експертите за убавина често ни велат дека таквите резултати е невозможно да се постигнат без скапи третмани и препарати. Меѓутоа, американскиот козметичар Џозеф Карило, кој се грижи за изгледот на ѕвездите, неодамна ги демантираше овие тврдења.
Уште повеќе, тој призна дека секоја жена го има „инструментот“ што го користи на своите ВИП клиенти дома, а својата магија ја изведува со помош на кујнска лажица. Карило ја користел оваа техника кај дами како Мариска Харгитај, Алекс Купер и Бетини Френкел, а таа е многу едноставна и ефикасна и дава ефект на затегнато лице.

„Почнете од назолабијалниот набор нагоре и нанадвор“, започна познатиот козметичар додека ја придвижуваше лажицата нагоре, од страната каде што носот се спојува со образот.

„Потоа го земам „стомакот“ на лажицата и почнувам да ја масирам страната на лицето, така што забележувате дека дното на лажицата долго се лизга над врвовите на јаготките, целата јаболчница и сè до слепоочницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joseph Carrillo (@sculptedbyjoseph)

По пределот на образите, Кариљо се префрли на пределот околу очите.

„Значи, одам од работ на веѓата до слепоочницата, а потоа одам повисоко до врвот на веѓата“, објасни тој.

Нагласи и како е потребно лажицата добро да се притисне на кожата, но во нормални граници за да не се повредиме. Во интервју за Дејли Мејл, тој истакна дека, иако мегапопуларното „гуа ша“ е врвна подготовка за обликување на лицето, лажицата има подеднакво добра форма, а со тоа и ефективно го постигнува тој ‘snatched’ изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag