Редовната нега на лицето нема да ве подмлади, но ќе помогне кожата на вашето лице да го задржи сјајот, еластичноста и да ги намали брчките. Природната нега на кожата е најдобра, па затоа може сами да си направите маски за лице со кои ќе влијаете на изгледот на кожата.
Не заборавајте, освен лицето, треба да посветите внимание и на вратот и деколтето, бидејќи токму таму се забележуваат првите знаци на стареење на кожата.
- Маска од мед и цимет
Комбинацијата од мед и цимет е добра бидејќи и двете состојки ја хранат кожата. За да биде негата целосна, а смесата похранлива, ќе додадете уште неколку состојки.
– 1 лажица мед
– 1 лажица јогурт
– 1 лажица сок од лимон
– прстофат цимет.
Соединете ги состојките и ако е многу густо, додадете малку топла вода. Оставете ја смесата на лице околу 10 минути, па исплакнете со млака вода. Може да ја користите маската трипати неделно.
Овие состојки ја зацврстуваат кожата, ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и ја хранат, со што ја прават еластична.
- Маска од квасец
Квасецот има способност да го закрепне нашето лице благодарение на ферментацијата што се случува поради него. На тој начин се ослободуваат состојки кои го прават квасецот ефикасен за борба против брчките (витамини, минерали, амино киселини.
Потребни состојки:
– квасец (едно мало пакување свеж квасец)
– белка од јајце
– јогурт (1/3 чаша)
Одвојте ја белката од жолчката, изматете ја добро бидејќи во спротивно нема убаво да се нанесе на лицето. Додадете го свежиот квасец и изматете со малку јогурт. Добро изматената смеса ставете ја на претходно исчистено лице. Неопходно е да делува барем 15 минути, потоа измијте го лицето со вода.
За добар ефект употребувајте ја маската еднаш до двапати неделно.
- Маска од компир
Компирот е многу ефикасен во отстранувањето брчки од лицето. Тој е богат извор на витамин Ц поради што влијае на спречување на прерано стареење. Неговите состојки овозможуваат производство на квалитетен колаген во кожата, што ја затегнува и спречува појава на брчки.
Потребни состојки:
– еден компир со средна големина
– 3 лажици маслиново масло
Маската од компир ја подготвуваме така што го лупиме компирот, го сечеме на помали парчиња и ги ставаме во блендер. Додаваме маслиново масло и блендираме додека не се добие кашеста структура. Смесата се става на темелно исчистено лице, треба да стои 20 минути, а потоа лицето се мие со млака вода.
Постапката може да се повторува секоја недела.