Управувањето со стресот е важно за менталното и физичкото здравје, но не е секогаш лесно.
Добрата вест е што можете да се обидете да ги ублажите стресните ситуации со консумирање на популарен и здрав зачин. Станува збор за куркума, а диететичарот Миранда Галати за „Eating Well“ откри зошто е најдобриот избор кога е во прашање смирувањето на стресот.
Куркумата со векови се користи за неговите здравствени придобивки, вклучително и за ослободување од стресот.
Се покажа дека куркуминот го намалува воспалението и ги штити клетките од оштетување, што може да игра клучна улога во управувањето со стресот и регулирањето на расположението.
Конзумирањето куркума може да го намали стресот, но тоа не е трајно решение.
Стресот и воспалението често се поврзани, а Галати верува дека решението за двете може да лежи во консумирањето куркума.
„Воспалението и оксидативниот стрес може да го влошат расположението и да го зголемат ризикот од развој на депресија или анксиозност. Бидејќи куркуминот има антиинфламаторни и антиоксидантни својства, може да помогне во ублажување на симптомите на анксиозност и депресија и да го подобри менталното здравје.“
Куркумата може да помогне во ублажување на стресот, но тоа не мора да значи дека целосно ќе го елиминира. Иако истражувањето е ветувачко, потребни се повеќе студии за целосно да се разберат ефектите на куркумата врз расположението.
Ако имате анксиозност или депресија, важно е да се консултирате со вашиот лекар за да разговарате за опциите за третман.
Сепак, без разлика дали сакате да ја намалите анксиозноста и депресијата или едноставно да се борите со воспалението, куркумата може да биде едноставен и вкусен начин за подобрување на вашето ментално и целокупно здравје, пренесува Index.hr.