За венчаницата на Кејт Мидлтон се уште се зборува и по 13 години, а овие детали ретко кој ги знае

popara30 јули, 20244min00
cc28efd37d2bcbd2503b1a1cc6369721a445c6b4

На 29 април 2011 година, Вилијам, принцот од Велс, се ожени со Кетрин, принцезата од Велс, на прекрасна церемонија која беше емитувана низ целиот свет.

Како што обично се случува, фустанот на невестата беше еден од фокусите на денот. Кејт Мидлтон имаше специјално дизајниран фустан за нејзиниот голем ден. Венчаницата ја дизајнираше Сара Бартон, поранешната креативна директорка на брендот Александар Меквин.

За таа позната венчаница и 13 години подоцна се зборува, а во неа инспирација наоѓаат невестите ширум светот.

Написот од веб-страницата на кралското семејство ги детализира елементите на фустанот на Кејт, објаснувајќи дека таа и Бартон соработувале на дизајнот.

– Фустанот ја отелотворува безвременската британска изработка, здружувајќи талентирани и вешти занаетчии од цела Велика Британија – се вели. Кралското училиште за рачни изработки ги создаде елементите на тантела на венчаницата од англиска и француска чипка. За ова тие ја користеа ирската техника Carrickmacross. Преку дизајнот на фустанот на Кејт се гледаат четири цветови од тантела: роза, трн, нарцис и детелина, по еден цвет за секоја земја во Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Подоцна, истите четири цвеќиња биле користени во фустаните на Кејт и принцезата Шарлот од Велс за крунисувањето на кралот Чарлс, пишува The List.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)

Тимот на Кралското училиште за игла ги извезе и превезот и чевлите на принцезата од Велс. Клои Савиџ, една од шивачките кои работеа на изработка на ореолот, во интервју за People даде личен увид во процесот на изработка на познатата венчаница.

Севиџ рече дека последната проба била утрото пред свадбата:

– Околу 22 часот Сара Бартон го направи последниот преглед на фустанот, а потоа внимателно спакувавме се и му го подадовме на момчето што и го однесе фустанот на Кејт. Потоа отидовме во паб на пијачка!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma