Пеењето под туш со вашиот партнер може да ги отстрани грижите за врската, според најновото истражување нарачано од компанијата за бањи Plumbworld. Таа студија дури покажа дека пеењето заедно во бањата може драстично да ги намали шансите за развод бидејќи „разбирањето и емпатијата во врската се продлабочуваат“.
Во извештајот се наведува: „Пеењето песни со длабока емоционална содржина заедно под туш може значително да ја продлабочи емоционалната врска помеѓу партнерите“, што не е изненадувачки, бидејќи музиката и пеењето природно ослободуваат допамин, познат како невротрансмитер за добро чувство во мозокот.
„Овој хемиски поттик не само што го подигнува расположението, туку и ги подобрува чувствата на среќа и задоволство во врската, придонесувајќи за попозитивна заедничка средина“, пишува тој понатаму во истражувањето и продолжува: „Научно е докажано дека чинот на пеење го намалува нивото на стрес со намалување на кортизолот во телото.
Заедничкото пеење под туш нуди двојна придобивка – делува како активност за ослободување од стрес, која исто така ја поттикнува емоционалната блискост, а со тоа ги намалува потенцијалните предизвикувачи за експлозивни расправии.
Портпаролот на Plumbworld заклучува: „Заедничкото пеење под туш може да ја зголеми среќата и да им помогне на паровите да се чувствуваат поблиски. Тоа покажува како музиката и заедничките активности можат да ги подобрат нашите односи. Тоа е забавен начин за повеќе комуникација“.
Па, што чекате?! Трчајте до тушот и почнете караоке забава.