За малку се ќе излегло на виделина: Со што му се заканувал поранешниот телохранител на семејството Шумахер?

popara2 декември, 20241min00
64254_sumaher_f

Странските медиуми пишуваат дека поранешниот телохранител на Михаел Шумахер, Маркус Ф., бил уапсен бидејќи се заканувал дека ќе објави фотографии од болниот Формула 1 возач. Маркус наводно се обидел да ја уценува фамилијата на Шумахер, барајќи 15 милиони евра за да не ги објави чувствителните материјали.

Откако беше отпуштен поради промени во грижата за Шумахер, Маркус Ф. наводно украл околу 1.500 доверливи документи, вклучувајќи фотографии, видеа, списоци со лекови и медицински досиеја. Материјалите ги чувал на УСБ и хард дискови, а потоа заедно со долгогодишниот пријател Џилмаз Т. и неговиот син Даниел Л., се заканил дека ќе ги објави на dark web доколку не ја добијат бараната сума.

Во јули, германските власти ги уапсија Маркус Ф., Џилмаз Т. и Даниел Л.

Да потсетиме дека Михаел Шумахер беше тешко повреден во 2013 година на скијање на француските Алпи, кога падна и удри со глава во карпа. Иако носел кацига, се здобил со сериозни повреди и бил во кома. Иако поради кацигата му беше поштеден животот, се уште не е позната неговата вистинска здравствена состојба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag