За ова популарно италијанско јадење ќе ви требаат само три состојки кои сигурно веќе ги имате

popara18 август, 20241min00
1723796853-christine-sandu-z1NbqIO_GdQ-unsplash-750x500

Ова е јадење кое штом еднаш ќе го пробате, често ќе му се навраќате. Од подготовка до сервирање потребни се околу 15 минути и само три клучни состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Ова традиционално италијанско јадење се нарекува „Spaghetti aglio e olio“.

Под мотото „вкусно со што помалку состојки“ го подготвуваа сиромашни семејства од руралните средини.

Благодарение на фактот дека е вкусно, брзо и евтино, јадењето стана многу популарно дури и надвор од границите на самата Италија.

Подготовка:

200 гр шпагети
Три лажици маслиново масло
Три до четири чешниња лук (ситно сецкани)
половина мала чили пиперка (по избор, ситно сечкана)
грст магдонос (по желба, ситно сецкан)

Во големо тенџере варете ги шпагетите во многу солена вода додека не бидат ал денте. Кога шпагетите се речиси готови, загрејте го маслиновото масло во длабока тава на средна температура и пропржете го лукот и ситно сечканата чили пиперка додека лукот не добие светло златна боја.

Кога шпагетите се готови, со маша извадете ги од водата во која се варени и ставете ги во тавчето со маслиново масло и лук. По потреба во тавата можете да додадете уште малку вода во која се сварени тестенините.

Кога ќе ги додадете тестенините, посипете ги со ситно сечканиот магдонос, по потреба додадете дополнително сол, измешајте и послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma