Секој кој некогаш ги измил прозорците во куќата знае дека е потребно многу време, особено ако имате куќа или голем стан со многу прозорци. Веќе нема да биде така, ако го примените овој едноставен трик.
Искусна домаќинка открила на својот профил на „TikTok“ трик кој ви помага брзо и лесно да ги миете прозорците без премногу мака и труд. Ќе ви треба голема чинија со топла вода, капаче омекнувач, две ткаенини и џогер.
Истурете го омекнувачот во водата и измешајте да се раствори. Натопете крпа во неа, исцедете ја и ставете ја на џогерот, а потоа избришете го прозорецот. Потоа ставете сува крпа на џогерот и направете го истото. Прозорците ќе светат за 5 минути и целата куќа ќе изгледа поуредно, а ќе имате повеќе време за други работи.
@mateabaturina Ovo morate isprobati 😍 gotovo za čas 👌🏻 #fyp #tips #tricks #tipsandtricks #tiktok #balkantiktok #reels #mama #mum #window #prozori #ciscenje #clean #love #live #life #split #sun #sunce #foryoupage #foryou #balkan #njemacka #austria #svicarska #hrvatska