Британскиот пејач Зејн Малик денеска изјави дека ќе го одложи американскиот дел од неговата светска турнеја по трагичната смрт на Лијам Пејн, неговиот колега од бендот One Direction.
Пејн (31) почина во средата откако падна од балконот на хотелската соба на третиот кат во Буенос Аирес, шокирајќи ги милионите фанови на бендот, јавува BBC.
Малик требаше да ја започне американската етапа на турнејата следната недела – почнувајќи во Сан Франциско во среда.
„Поради потресната загуба што ја доживеав оваа недела, донесов одлука да го одложам делот од американската турнеја“, напиша Малик на X.
Тој им порача на фановите дека датумите ќе бидат поместени за јануари и дека билетите ќе важат за новите датуми.
Given the heartbreaking loss experienced this week, I’ve made the decision to postpone the US leg of the STAIRWAY TO THE SKY Tour. The dates are being rescheduled for January and I’ll post them as soon as it’s all set in the next few days. Your tickets will remain valid for the…
— zayn (@zaynmalik) October 19, 2024
„Ве сакам сите и ви благодарам за разбирањето“, додаде тој.
Инспекторите во Аргентина сега работат на реконструкција на последните часови од животот на Пејн, откако беше објавено дека смртта на пејачот најверојатно е резултат на „некоја злоупотреба на недозволени супстанци“.
Хотелската соба на Пејн била уништена, со скршени предмети и мебел, заедно со алкохол и супстанции за кои се верува дека се наркотици.