Златни совети за совршено сварени тестенини

popara13 февруари, 20241min00
1707639755-spaghetti-569067_1920-750x500

Иако готвењето тестенини изгледа како едноставна задача, постојат неколку трикови кои треба да ги знаете.

Ако сакате вашите тестенини секогаш да излегуваат совршено, следете ги овие едноставни, но важни совети.

Не се сите тестенини еднакви, пробајте неколку тестенини од повеќе производители и пронајдете ја онаа што најмногу ви одговара.

Тестенините се разиграни и имаат потреба од простор. Една од најголемите грешки што можете да ја направите е да ги ставите тестенините во мало тенџере. За половина килограм тестенини, најдобро е да земете тенџере од најмалку четири литри. Нема да ви треба капак, бидејќи тестенините се варат без капак.

Исто така, тестенините мора да се сварат во поголема количина вода за да не се залепат на дното на тенџерето.

Затоа во таа вода треба да се додаде сол.

Водата мора да зоврие пред да ги додадете тестенините. Откако ќе ги додадете тестенините, измешајте ги да не се залепат и оставете ја водата повторно да зоврие.

Потоа повремено промешајте ги тестенините. Доволно е три до четири пати за околу 10 минути.

И последниот совет, но не и најмалку важно е да не се става масло. Ако ги следите правилата, тестенините нема да се залепат, а додавањето масло ќе предизвика оштетување и сосот нема добро да се врзе со тестенините.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag