Златни столчиња и лустер од 100.000 евра: Ѕирнете во замокот на Џенифер Лопез и Бен Афлек

popara9 јануари, 20244min00
Џенифер Лопез и Бен Афлек

Џенифер Лопез е позната по својата склоност кон винтиџ стилот и украсила дел од својата модерна луксузна вила во овој шармантен стил.

Џенифер Лопез сосема случајно ги открила луксузните детали од својата нова вила во која се вселиле минатото лето со сопругот Бен Афлек.Познатата актерка и пејачка позираше за фановите на социјалните мрежи пред да се упати на доделувањето на наградите Златен глобус во Беверли Хилс, а на фановите не им требаше многу време да забележат неколку интересни детали во позадина.Најголемо внимание привлече трпезаријата,каде што се истакна спектакуларен масивен кристален лустер со златни детали,чија вредност се проценува на најмалку 100.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За внатрешноста на оваа скапа вила вредна околу 70 милиони долари дознавме и дека има гломазна тегет маса и златни столчиња, како фотелја од кожа во бела боја за одмор.

Забележлива е комбинацијата на модерна декорација видлива во чисти бели линии на вратите, ѕидовите и дрвениот паркет со винтиџ шарм видлив во античките слики во златни антички рамки и ориентален тепих – со што се постигнува импресивен контраст на стиловите и зголемено чувство на топлина во амбиентот.

Розите во позадина совршено одговараа на прекрасната тоалета на Џенифер Лопез од брендот Nicole + Felicia.Станува збор за драматична креација во розова боја,со волуменозни цветни ракави и горен дел од елече во стил на корсет, и впечатливи џиновски рози кои беа поставени покрај здолништето и долгата наметка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag