Знаци кои откриваат дека внесуваме премногу сол во телото

popara24 мај, 20241min00
Screenshot_4

Без солта, многу наши омилени јадења би биле буквално безвкусни. На нашиот организам му е потребно многу малку сол, просечно не треба да преминеме над 5 г. Преголемата количина може да доведе до многу здравствени проблеми, особено со кардиоваскуларниот систем и бубрезите.

 

 

 

Во случај да имате некои од следните симптоми, постои голема шанса дека внесувате преголема концентрација на сол во вашиот организам.

 

Главоболка

 

Воопшто не е чудно што главниот виновник за честите главоболки може да биде вишокот сол во вашиот организам.

 

Изразена жед

 

По големото внесување сол, вашите бубрези мора да го излачат сиот вишок од овој минерал од телото, а тоа бара многу течности.

 

Отечено лице

 

Дали се будите со отечено лице откако цел ден сте јаделе нешто солено? Солта за себе ја врзува водата која се акумулира во клетките, а тоа предизвикува отечен изглед.

 

Раст на тежината

 

Со зголеменото внесување сол, расте и неопходната количина вода за отфрлање на вишок од овој минерал. Кога на нешто тело му се потребни поголеми резерви вода, неизбежно е тоа да се одрази и на телесната тежина.

 

Висок крвен притисок

 

Прекумерното внесување сол може да го зголеми високиот крвен притисок, а со самото тоа и ризикот од кардиоваскуларни болести.

 

Надуеност

 

Солените оброци имаат тенденција да предизвикаат непријатно отекување на стомакот, како и оток на прстите на рацете или нозете.

 

Камен во бубрег

 

Константно високото ниво на концентрација на сол во организмот може да предизвика создавање ситни кристали во бубрезите бидејќи доаѓа до зголемена количина на калциум во урината, а со раст на овие кристали доаѓа до формирање на камен во бубрегот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag