Знаци кои укажуваат дека имате висок холестерол

popara14 мај, 20241min00
Screenshot_1

Холестеролот му е потребен на телото бидејќи му помага да создаде здрави клетки, но кога имате премногу може да предизвика сериозни здравствени проблеми како што се мозочен или срцев удар.

 

 

 

 

Преголемата количина на лош холестерол во телото се собира во крвотокот и го отежнува протокот на крв низ артериите.

 

Високиот холестерол може да биде генетски наследен, но најчесто е поради лош начин на исхрана и начин на живот. Други фактори за зголемен холестерол се недостаток на физичка активност, пушење, прекумерно пиење, срцеви заболувања, дијабетес, прекумерна дебелина.

 

Кои се симптомите на висок холестерол?

 

Единствен начин да дознаете дали имате висок холестерол е да направите крвна слика.

 

Во повеќето случаи високиот холестерол не предизвикува значителни симптоми, но може да ве доведе во опасност од мозочен или срцев удар. Ако пушите, имате прекумерна тежина, висок притисок или дијабетес – ова се знаци дека најверојатно ќе имате висок холестерол.

 

Ако редовно јадете пржена храна, печива и десерти, можеби имате зголемен холестерол. Се препорачува да вежбате барем 150 минути неделно и да внимавате на исхраната. Контролирајте го пушењето, пиењето алкохол и консумирање шеќери. Доколку внимавате на телесната тежина ќе бидете здрави и ќе си го продолжите животниот век.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag