Бракот не значи и нужна среќа. Многу жени во оваа заедница не се чувствуваат исполнето и задоволно, иако тоа никогаш не би го признале.
Несреќните жени во брак не се реткост. Обично ги поврзуваме со поимот фрустрација, но незадоволните жени на уште многу начини покажуваат дека во нивниот брак и не е се така идеално.
Еве кои се вообичаените показатели:
- Помалку зборуваат
Во случај жената да ја намали комуникацијата со својот сопруг или да ја сведи на минимум, тоа може да биде знак дека нешто ја мачи.
- Бргу се вознемируваат
Незадоволните жени се секогаш „на работ“. Тоа значи дека лесно ги губат живците, па може да ги изнервира и најобична ситница.
- Постојано се уморни
Во едно истражување било откриено дека жените во несреќни бракови имаат ниско ниво на хормон кортизол. Поради тоа, како нус појава се јавува хроничниот замор.
- Одбиваат секс
Сосема очекувано, жените кои се несреќни во брак на секој начин ќе се обидат да ги избегнат допирите од сопругот.
- Чуваат тајни
За секоја квалитетна врска, секако и брак, потребна е искреност. Штом има тајни, тоа значи дека некој е незадоволен.
- Губат доверба
Бракот се темели на меѓусебна доверба. Кога тоа ќе се изгуби, односите се влошуваат.
- Не обрнуваат внимание
Кога жените губат интерес за своите сопрузи, тогаш не можат да бидат среќни со нив.
- Покажуваат нови интереси
Ако некоја жена одеднаш има нови хобија и интереси, во кои не е вклучен нејзиниот сопруг, обично тоа е знак дека нешто не е во ред.
- Размислуваат само за себе
Жените кои се незадоволни во брак често стануваат себични. Само личните работи им стануваат приоритет, а на желбите на партнерот не обрнуваат внимание.
- Го променуваат изгледот
Ова е општо познато, а се покажало и како многу точно. Во случај жената да промени наеднаш боја на коса, фризура или воопшто стил, тоа може да значи дека е несреќна во бракот и сака да сврти нова страница.