Зошто е добро да јадете грст ореви секој ден: Еве колку се уникатни и корисни

popara10 септември, 20241min00
3f0b6939cfd04ac040870f65f140b0c34b123cb0

Оревите се на списокот на храна во Диететските упатства за Американците 2020-2025 година, како дел од исхраната и на возрасните и на децата.

Поради високата содржина на антиоксиданси, оревите се препорачуваат како храна за одржување на здравјето на срцето. Помеѓу сите јаткасти плодови, оревите се единствени по нивната висока содржина на полинезаситени масни киселини АЛА и линолеинска киселина.

Секојдневното консумирање ореви го намалува крвниот притисок и нивото на вкупниот холестерол, триглицеридите, липопротеинот со мала густина (ЛДЛ) и аполипопротеинот Б во крвта, заштитувајќи го нашето срце.

Истражувањето на д-р Шерил Рок, од Универзитетот во Калифорнија, дошло до заклучок дека исхраната која содржи јаткасти плодови позитивно влијае на нивото на холестерол во организмот.

– Едно од изненадувачките наоди на оваа студија е дека, и покрај фактот што јаткастите плодови се богати со масти и имаат многу калории, диетите богати со јаткасти плодови би можеле да бидат еднакви со диетите со намален внес на масти во однос на губење на тежината – вели Рок.

Покрај тоа, бројни студии ги истакнуваат придобивките од оревите за помнење, добро расположение, избалансиран шеќер во крвта, репродуктивно здравје…

Го негуваат мозокот, ги чистат крвните садови

Оревите го снабдуваат мозокот со дополнителна енергија, ги подобруваат когнитивните функции и го намалуваат ризикот од деменција. Затоа, со право се нарекуваат „храна за мозокот“.

Една шака ореви дневно може позитивно да влијае на слабеењето, бидејќи овие јаткасти плодови делуваат на намалување на апетитот, пишува New York Times. Оревите се богати со омега-3 масни киселини, кои во комбинација со други супстанции од овој јаткасто овошје помагаат во намалување на ризикот од дебелина и дијабетес.

Ако јадеме една шака ореви секој ден, ќе внесеме 185 калории, а од таа количина на јаткасти плодови можеме да очекуваме:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma