Кинезите традиционално веруваат дека чистењето во првите неколку дена од новата година, а особено чистењето на Нова година, носи лоша среќа.
Првиот ден од кинеската Нова Година започнува кога се појавува младата месечина, што е помеѓу 21 јануари и 20 февруари. Кинеската Нова Година е позната и како Лунарна Нова Година.
Тие веруваат дека ако ја исчистите куќата на Нова Година, всушност ја „бришете“ сета среќа што ви била наменета за таа година. Поради ова верување, многу луѓе чекаат да поминат неколку дена пред да почнат да чистат.
Покрај тоа, исто така, не треба да ја перете облеката на Нова Година. Се верува дека ја „измивате“ среќата. Кинезите велат дека тоа не треба да се прави бидејќи значи дека ќе бидете „казнети“ во текот на целата година со тоа што ќе имате повеќе облека за перење.
Затоа, доколку сакате да ги избегнете овие проблеми, пред Нова година треба да ги завршите сите обврски поврзани со чистење на домот, перење алишта и слично.