Зошто ливчињата на цветовите ја ГУБАТ БОЈАТА? Еве како се враќа свежината

popara10 август, 20241min00
cc9b67daa42f5ac74f03893a59313ac9978d8662

Љубителите на цвеќето секогаш се загрижени кога ќе забележат дека ливчињата стануваат побледи, веруваат дека растението е болно и дека може да го изгубат.

Но, тоа не е толку ретка појава и се јавува најчесто поради премногу сонце. Како што напредува летото, сончевите зраци стануваат посилни и ги уништуваат чувствителните пигменти во боја во самите ливчиња.

Овој процес се нарекува фотодеградација и е особено забележлив кај хортензии, кои се чувствителни на UV зрачење.

Цветовите, исто така, природно бледнеат по опрашувањето, бидејќи нивната цел е токму да привлечат опрашувачи и на тој начин да го започнат процесот на репродукција. Кога започнува формирањето на семето, цветовите бледнеат.

Различни фактори на стрес влијаат на бојата – промени во количината на вода што ја прима растението, киселоста на почвата или адаптација на нова почва по пресадувањето.
Оглас

Ако забележите дека цветовите на некое растение почнуваат да бледнеат, прво преместете го на помалку сончево место, а потоа погрижете се за редовно наводнување. Ако почвата премногу брзо се исуши, додадете малку органско ѓубриво.

Редовно кастрете ги расцутените растенија, бидејќи цветот чии ливчиња се избледени веројатно веќе стигнал до фазата на формирање на семе, а тоа го исцрпува растението.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma