Доколку сакате да ставите крај на лошите избори на партнер, дознајте поради кои причини сте магнет за погрешни мажи.
Под погрешни мажи мислиме на оној токсичен вид мажи кои секогаш без причина ја оставаат партнерката со скршено срце, најчесто и без образложение.
- Премногу сте добри
Вашата добрина и учтивост се квалитетни особини, но и нешто лесно за искористување и манипулирање. Погрешните мажи знаат дека вие нема да се жалите за нивното однесување, но и дека нема да им вратите со иста мера.
- Премногу сте емпатични
Токсичните мажи ќе пронајдат совршена жртва во девојка која е премногу емпатична. Доколку има добра волја трепливо да слуша за сите негови проблеми и да не го осудува, тој крај себе гледа идеална личност за олеснување на душата, но не и за партнерка.
- Имате нереални очекувања за љубовта
Романтичните претстави за љубовта кои се во вашата глава се најголеми предизвикувачи на проблеми. вие во мажот гледате „ранет ѕвер“ кој во вашата фантазија се претвора во принц од бајките, а во реалноста не е така.
Дури кога ќе отстапите од ваквата идеја и таа ќе отстапи од вас.