Неодамна на социјалните мрежи, познатиот фудбалер Кристијано Роналдо објави фотографија со својот 13-годишен син Кристијано Џуниор, а лакот на неговите нокти го привлече вниманието на следбениците. Сепак, за тоа има добра причина.
Роналдо всушност користи заштитен слој од специјален лак за да ја намали можноста за појава на габи или бактерии на неговите нокти.
Познатиот фудбалер не е единствениот кој ги бои ноктите на нозете. ММА борците, тркачите и боксерите нанесуваат слој заштитен лак на нозете, но фудбалерите се особено подложни на габични инфекции околу ноктите на нозете бидејќи секојдневно носат копачки долго време, па се повеќе склони кон повреди на прстите.
ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА