Зошто треба да јадете темно чоколадо секој ден?

popara2 октомври, 20241min00
Screenshot_7

На луѓето кои обожаваат чоколадо не им требаат изговори да го јадат секој ден. Но, доколку се сметате себеси за љубители на чоколадото, а сепак се чувствувате лошо поради вашата нездрава навика, имаме добри вести за вас! Темното чоколадо со висок процент на какао се смета за дел од здравата исхрана. Ова се 9-те причини зошто треба секој ден да јадете темно чоколадо…

 

 

 

 

  1. Темното чоколадо може да ве направи среќни. Темното чоколадо не само што има одличен вкус, туку и содржи триптофан. Триптофан е аминокиселина што му помага на мозокот да произведува серотонин, невротрансмитер што го подобрува расположението.

 

  1. Темното чоколадо со висок процент на какао содржи голема количина растворливи влакна. Чоколадо од 100 грама со 70-85% какао содржи 11 грама влакна. Растворливите влакна го одржуваат холестеролот на ниско ниво, заситуваат и добри се за здравјето на дигестивниот систем.

 

  1. Темното чоколадо е добро за мозокот. Темното чоколадо ги подобрува мозочните функции и ја спречува појавата на деменција. Едно истражување кое траело 4 децении покажало дека луѓето кои почесто јаделе чоколадо, имале подобри резултати на тестовите што ја испитувале работата на мозокот.

 

  1. Темното чоколадо е добро за срцето. Според едно истражување, ако јадете темно чоколадо 5 или повеќе пати неделно, ќе го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести за 57%.

 

  1. Темното чоколадо носи на свет посреќни бебиња. Кој може да му одолее на среќното бебе? Едно финско истражување докажало дека мајките кои јаделе повеќе темно чоколадо за време на бременоста родиле посреќни бебиња кои помалку плачеле. Ова се одлични вести за сите бремени жени ширум светот!

 

  1. 6. Содржи флавоноиди кои се многу корисни за здравјето. Флавоноидите се растителни антиоксиданси што можат да се најдат во какаото и се една од главните причини зошто темното чоколадо е толку здраво. Овие антиоксиданси не само што го намалуваат крвниот притисок и холестерол, туку и го одржуваат здравјето на крвните садови.

 

  1. Темното чоколадо е добро за кожата. Темното чоколадо ќе ви помогне да ја заштитите кожата од изгореници од сонце благодарение на антиоксидансите што ги содржи познати како фенол и катехин.

 

  1. Темното чоколадо ќе ве ослободи од стресот. Денешниот начин на живот е многу стресен. Докажано е дека темното чоколадо го намалува нивото на стрес хормони, што можеби ја објаснува причината зошто имате потреба од благи работи кога сте под стрес.

 

  1. На вашите деца нема да им се допаѓа вкусот. Доколку имате деца, нема да морате да го делите чоколадото со нив, бидејќи тие не го сакаат неговиот горчлив вкус. Повеќе за вас!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma