Зошто јаткастите плодови поточно оревите најдобро е да се јадат наутро?

popara7 февруари, 20241min00
Whole,Walnuts,On,Dark,Board,,Walnut,Kernels,In,Wood,Rustic

Оревите се богати со есенцијални материи кои позитивно влијаат на здравјето на целиот организам. Доколку се консумираат редовно, одлично делуваат на здравјето, особено на работата на одредени органи.Тие исто така помагаат во контролата на чувствителните здравствени состојби како холестеролот,исто така влијаат на здравата тежина.

Оревите се богати со омега-3 масни киселини, витамини, здрави масти, минерали и антиоксиданси. Велат дека се особено добри кога се консумираат наутро, а за тоа има неколку причини.

Тие се добри за срцето и холестеролот
Ако наутро јадете ореви, тоа добро ќе влијае на здравјето на вашето срце. Причината за тоа е што оревите можат да го намалат нивото на ЛДЛ холестеролот и да го одржуваат нормално во текот на денот.

Затоа е најдобро да ги јадете прво наутро. Можете да ги консумирате во смути или како додаток на овесна каша и на сето тоа да додадете овошје.Добри се и за здравјето на кардиоваскуларниот систем и го намалуваат воспалението.

Влијаат на здравјето на мозокот
Оревите се полни со здрави масти и омега-3 масни киселини. Здравите масти во оревите се неопходни за подобрување и зајакнување на функцијата на мозокот и меморијата.

Помагаат во контрола на тежината
Ако некогаш сте јаделе ореви, знаете дека се прилично заситувачки. Се препорачува да јадете ореви наутро, бидејќи желудникот ќе остане полн долго време и нема да имате потреба од нездрава храна, пренесува „The Health“.Редовното консумирање на ореви може да доведе до губење на тежината со текот на времето.

Тие го спречуваат оштетувањето на клетките
Слободните радикали во телото можат да ги оштетат клетките, што може да доведе до многу здравствени проблеми. Сепак, благодарение на антиоксидантниот полифенол кој се наоѓа во оревите, редовното консумирање на ореви може да го намали и спречи оштетувањето на клетките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag