Идеалната температура во домот кога надвор е студено

popara15 ноември, 20241min00
grejanje-2-240693-725x407

Надвор станува се поладно, па многумина можат да размислуваат за дополнително греење. Сепак, со оглед на високите цени на енергијата, повеќето луѓе не сакаат да трошат повеќе од потребното.

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува внатрешната температура во домот да биде 18 степени Целзиусови, но многу експерти сметаат дека тоа е прениска температура која може да го загрози здравјето, пишува Daily Mail.

За да останете здрави во зима, експертите препорачуваат да го поставите термостатот на најмалку 20 степени Целзиусови. Критики за препораката на СЗО стигнаа и од граѓаните, кои своето незадоволство го изразија на платформата Х. Еден корисник напиша:

„Ќе ја прилагодам температурата за да ми одговара, а никој друг не може да се меша.“

СЗО тврди дека 18 степени Целзиусови се доволна температура за повеќето здрави луѓе, под услов да се соодветно облечени.

Според нивните упатства, 18 °C е оптимална температура за умерена клима, но експертите велат дека ова може да биде премногу ниско за удобност на човекот.

Томас Балоган од компанијата „Atlantic Edge“ советува термостатот да биде поставен на 20 Целзиусови степени во зима додека сте дома, додека навечер или кога не сте присутни температурата да биде малку пониска, околу 15 или 16 Целзиусови степени.

Метју Ширан од компанијата „Money Wellness“ истакнува дека е важно да се најде баланс помеѓу топлината и одржувањето на прифатливи трошоци за греење. Препорачува температура помеѓу 18 и 21 Целзиусов степен за да се одржува удобност во домот без преголеми трошоци.

И покрај високите трошоци, здравствените експерти ја нагласуваат важноста да се загрее домот, особено за старите лица и оние кои живеат во куќи или станови со слаба изолација.

Фармацевтот Торин Говинд забележува дека студените и влажни домови го зголемуваат ризикот од настинки, грип и појава на мувла на ѕидовите, што може да ги влоши здравствените проблеми како што е астмата.

Том Едмундс од компанијата „Wunda“ истакнува дека температурите пониски од 18 Целзиусови степени во домовите можат негативно да се одразат на здравјето и препорачува собната температура да не паѓа под овој минимум, дури и во просториите кои ретко се користат. Исто така, предупредува на ризикот од формирање на мувла доколку температурата падне под 13 степени Целзиусови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag