Доколку имате проблем со опаѓање на косата или едноставно сакате да имате подолга и погуста коса, искористете ја оваа природна смеса. Користете ја секогаш кога ќе ја миете косата и брзо ќе ги забележите посакуваните резултати.
Состојки:
15 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
1 шише од вашиот шампон
Подготовка:
Излупете го лукот и добро измијте го, а потоа измелете го во блендер за да направите паста. Додадете маслиново масло, соединете со мешање и по потреба додадете малку вода за смесата да стане кремаста. Измешајте го со вашиот шампон (истурете во шише и протресете).
Употреба:
Мијте ја косата со овој шампон 2-3 пати неделно. Овој шампон ќе ја забрза циркулацијата во коренот на косата. Косата ќе расте побрзо и ќе стане погуста.