Изненадувачки начини на кои можете да го користите лакот за коса

popara5 јуни, 20241min00
Screenshot_1

Ако сте од оние што го користат лакот за коса само за коса (што е и логично), во продолжение ќе прочитате неколку нови начини како можете да ги искористите својствата на овој препарат.

 

 

 

 

-Ако стапалата ви се потат во текот на денот и сакате да го запрете нивното лизгање во обувките, само напрскајте ги со лакот за коса и проблемот ќе биде решен.

 

-Ако сакате најубавите обувки од кожа што ги имате да ви светат во текот на целиот ден, тајната е во прскањето на лакот за коса.

 

-Ако не сакате да внимавате постојано дали вашето тесно здолниште или фустан се крева нагоре, земете лак за коса, напрскајте по нозете и облеката ќе остане на свое место во текот на целиот ден.

 

-Сите жени го искусиле проблемот на скинати хулахопки особено во моменти кога тоа е најмалку потребно. Кога ќе забележите таква линија, веднаш попрскајте ја со лак за коса, за да не се шири.

 

-Кога не можете да најдете крпа за собирање влакна, напрскајте ја крпата со лак за коса и со неа „поминете“ ги фармерките, кошулите, јакните. Лакот за коса ќе ги собере и влакната од вашето домашно милениче.

 

-Со лакот за коса можете да го продолжите и животот на бидермаерот што сте го фатиле на свадба или било кој друг што ќе ви го подарат. Кога ќе се исуши цвеќето, попрскајте го со лак за коса и ќе добиете аранжман што нема да се распаѓа.

 

-Ако ви е страв од бубачки и други инсекти, во борбата со нив можете да користите лак за коса. За да ги спречите да се движат, напрскајте врз нив од лакот, а потоа исфрлете ги.

 

-Ако ви се случи патентот на фармерките, здолништето или некој фустан да се заглави, нанесете лак за коса за да го олесните нивното функционирање.

 

-Завесите што ги имаат повеќето од нас дома и драпериите, особено оние долгите, се извор на прашина и нечистотија. Затоа, со тек на време и ја менуваат својата боја и изгледаат старо. Лакот за коса може да помогне и тука, само треба да ги напрскате и така ќе им го продолжите животот.

 

-Маркерот или мастилото на ѕидовите се чистат со лакот за коса. Исто така и мастилото од мебелот.

 

-Ако имате проблем да го протнете конецот во игла за да зашиете нешто, олеснете си ја работата, така што ќе го напрскате конецот со лак за коса.

 

-Во зима, ако се греете на дрва на пример, можете да користите лак за коса за да го сочувате огнот од гасење. Врз жарта напрскајте неколку пати од овој препарат и одржувајте ја куќата топла.

 

-Ако дома имате од големите шпорети, што собираат прашина, но и мрсни дамки, можете да го одржите чист така што секоја страница ќе ја напрскате со лак за коса.

 

-На крајот, лакот за коса можете да го искористите како оружје за самоодбрана кога сте во опасна ситуација. Лакот може да ви биде замена за солзавец, со што за момент ќе го „заслепите“ напаѓачот и ќе имате доволно време да избегате.

 

Имајќи го сето ова предвид, секогаш имајте по едно шишенце лак за коса при рака.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag