Доколку имате сува кожа, веројатно ве „полудува“ студеното време, ветерот и постојаното миење на рацете – кожата на вашите раце не може доволно да се смири и нахрани, постојано се растегнува до пукање.
Дури и оние кои немаат сува кожа во зимскиот период, особено кога дува ветер, мора дополнително да внимаваат на својата кожа.
Дерматолозите имаат совет за вас. Секој со сува кожа треба да го почитува точниот момент кога се нанесува кремот, за да има најдобар ефект.
Прво, измијте ги рацете со благ сапун и тријте доволно долго, за да не морате да прибегнувате кон силни хемиски агенси со алкохол кои дополнително ја сушат кожата. Кога ќе завршите со миењето, исплакнете ги со млака вода и потоа имате точно две минути да ја нанесете кремата.
Зошто точно две минути? Дерматологот д-р Витни Бу објасни дека ова е совршен период кога кожата ќе ја впие влагата од миењето на рацете, а потоа кремот ќе ја „зароби“ и нема да дозволи кожата дополнително да се исуши.
„Доколку чекате предолго по миењето, го пропуштате тој златен момент кога кожата се уште е под влијание на вода. Штом испари водата, ќе биде посува од вообичаеното. И ако користите топла вода, сметајте на уште посува, иритирана кожа“, рече таа.
Поентата е да ги искористите тие две минути за да нанесете смирувачка, богата крема на вашата кожа која длабоко ќе се грижи за неа. Бидејќи студеното време и честото миење ја отстрануваат и заштитната бариера на кожата, добрите масти на нејзината површина, изберете крема што содржи природни масти. Длабоко ќе ја нахрани кожата и ќе поттикне создавање на добри бактерии на нејзината површина.
Маст со висока содржина на пантенол може да се користи за сува кожа на раце, па дури и за испукани усни. Сувата кожа на рацете брзо ќе ја впие маснотијата што сте ја нанеле, а доколку навистина ве мачи чувството на „мрсни“ раце, нанесете ги само задниот дел од рацете, кои и онака се најранливи.