Кадриците се многу популарни со години. Од зима до лето, тие се круна на секој стилски изглед. Добро се вклопуваат со капи и не е ни чудо што жените максимално ги практикуваат.
Фризерите, секако, имаат свои методи за постигнување идеални локни, а кога се работи за домашни трикови, еден метод е ненадминат. Инфлуенсерката Кетрин Гелински покажа како да постигнете локни кои изгледаат многу природно со помош на едноставна памучна лента и лак за коса.
View this post on Instagram
Како што покажува видеото, потребно е праменот да се нареди околу лентата, да се стави лак и да се остават 20 минути.
Формираните локни обликувајте ги по желба, доколку се премногу интензивни исчешлајте ги со прстите или со чешел со ретки заби.