ИРИНА ШАЈК ИМА 3 УСЛОВИ ЗА ИДНИОТ ДЕЧКО! Мора да исполнува строги критериуми, инаку се е за џабе

popara29 април, 20241min00
Ирина Шајк

За познатата руска убавица Ирина Шајк се вели дека може да го има секој маж кој ќе го посака.Но и тоа не е лесно кога е таа во прашање. Низ годините ја следат нови романси, раскинувања, а зад себе има и еден брак.

Изгледа дека во последно време Ирина Шајк нема многу среќа во љубовта. По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, изгледа дека не може конечно да се смири. По неуспешната свршувачка со фудбалерот Кристијано Роналдо, убавицата најпрво најде утеха кај Бредли, но љубовта не траеше долго. Таа набрзо стапила во врска со играчот на НФЛ Том Брејди, кој штотуку излезе од бракот со манекенката Жизел Бундесшен.

Таа успеа да го заведе и славниот Леонардо ди Каприо (иако не ја исполнуваше неговата норма за девојки кои не се постари од 25 години).

Една од најубавите жени во светот наводно бара некој што е познат, убав и има пари, изјави извор за PageSix.

“Таа бара момче, но има малку луѓе со кои излегува. И треба некој познат, убав и богат. Колку се такви, пет, десет?”, рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде Том Круз , која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каирова.

Изворот посочува дека нова средба со херојот на „Топ Гана“ би можела да се случи на претстојната Мет Гала која ќе се одржи на 6 мај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag