Дека е навистина принцеза со големо срце, Кејт Мидлтон уште еднаш покажа откако ги запозна децата кои ги преживеаја нападите во Саутпорт минатиот месец. 42-годишната принцеза од Велс ги покани децата на нејзиниот традиционален божиќен концерт „Together at Christmas“, што воедно е и нејзин прв ангажман откако го заврши процесот на хемотерапија.
Во октомври 42-годишната Кејт го посети ужалениот град и се сретна со родителите на починатите девојчиња, но и со децата и нивните семејства, кои го преживеаја страшниот напад, во кој животот го загубија три девојчиња.
Состанокот бил одржан во целосна приватност, а објавено е само откако Кејт и принцот Вилијам го напуштиле Саутпорт. Познато е дека принцот и принцезата поминале по половина час сами со секое од семејствата.
По средбата, Кејт донела одлука – на нејзиниот божиќен концерт ќе ги покани децата кои преживеале. Како што дознава британски The Sun, тие треба да поминат три дена во Лондон, а сите трошоци ќе бидат на товар на добротворната организација Southport Stronger Together.
За овогодинешниот концерт беа испратени 1.600 покани во име на Кејт Мидлтон. На списокот се најдоа сите оние, како што беше откриено, кои „пред се покажаа дека љубовта е најголемиот подарок што можеме да го добиеме“.
Кралот Чарлс, кралицата Камила и принцот Вилијам сигурно ќе дојдат, но се уште не се знае кој друг ќе им се придружи од кралското семејство. Одлуката дали Џорџ и Шарлот повторно ќе присуствуваат годинава, но и дали годинава за првпат ќе им се придружи најмладиот Луис, ќе се знае подоцна.