Анита е експерт за чистење и има одличен трик за чистење на бели патики за да изгледаат како нови. Во видеото кое го објави на својот профил на TikTok, таа објасни дека за тоа се потребни само три состојки кои секој ги има дома.
Измешајте 1/4 чаша течност за миење садови, 1/2 чаша хидроген (3%) и 1/4 чаша сода бикарбона. Ќе добиете паста и со неа ќе ги истриете патиките со чиста четка.
„Тестирав голем број производи за чистење, но ова е најдоброто, делува многу подобро од сите други“, изјави таа. Пред чистење, треба да направите една работа – отстранете ги врвките за чевли. Исчистете го целиот чевел, вклучувајќи го и јазикот. Ставете ги врвките за чевли во остатокот од пастата и оставете ги да отстојат еден час. Потоа ставете ги патиките и врвките во платнена кеса за перење и ставете ги во машината за перење и исперете, поставете ја машината на рачно перење.“
@miseenplace_au Clean your sneakers in 5minutes flat👟#cleantok #cleaning #cleaninghacks #sneakers #cleaningtiktok #cleaningtips #fyp #foryou #foryoupage #xyzbca
♬ Maniac (Flashdance Version) (Re-Recorded / Remastered) – Michael Sembello
„Задолжително отстранете ги влошките од патиките, особено ако се обоени и можат да ги извалкаат целите патики. Не ги сушете во машина за сушење или пред радијатор, оставете ги надвор да се исушат на воздух“, посочува Анита.
„Ќе бидете воодушевени од резултатот“, изјави таа, а нејзините следбеници беа воодушевени.