Исчистете ја кадата за миг и ќе биде посјајна од кога било!

popara21 декември, 20241min00
Screenshot_9

Речиси и да не постои када која по неколку години не добива чудни жолти флеки кои никако не се чистат ни со најсилните хемикалии.

 

 

 

Наместо да се заборавите од чистење и рибање за кадата повторно да светне, пробајте го овој домаќински трик од само 4 состојки:

 

  • Калцинирана сода (можете да ја најдете во аптеките и е прилично евтина, а е многу посилна од сода бикарбоната)
  • Сода бикарбона
  • Обичен избелувач
  • Оцет

 

Помешајте 2 лажици калцинирана сода со 2 лажици сода бикарбона и истријте ја влажната када со оваа мешавина. Може да користите е само сода бикарбона, но резултатите нема да бидат подеднакво ефикасни.

 

По 10 минути измешајте 50ml оцет и 50ml избелувач, па нанесете на местото каде што ставивте сода.

 

По половина час истријте со сунѓер или жица и исплакнете со голема количина вода.

 

Крајниот резултат е блескаво бела када.

 

Оваа мешавина и постапка може да ја користите за чистење и на другите делови од бањата од ист материјал, како на пример мијалникот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag