Веќе пишувавме за тоа како да ги измиете пожолтените перници и да им го вратите првобитниот сјај, а сега ви носиме корисни совети како да ја освежите перницата без да ја измиете и на тој начин да и го продолжите животниот век.
Знаеме дека постелнината треба да се чува чиста и дека на неа се таложи прашина, пот и грини, па затоа редовно проветрување и миење е задолжително.
Меѓутоа, перењето во машина за перење може да ја уништи перницата или барем да и го скрати животниот век, бидејќи го уништува нејзиното полнење, па наместо тоа можете да пробате едноставен трик кој се појави на Инстаграм.
Во овој случај потребна ви е машина за сушење алишта и – висока температура која ќе ги уништи сите бактерии во перницата и ќе и даде свежина и чистота.
Корисникот на Инстаграм кој го објави ова видео забележа дека е препорачливо да ја менувате перницата барем еднаш на две години, кога ќе забележите дека повеќе не ви е удобна и дека нејзината структура е различна.
Погледнете за што се работи:
View this post on Instagram