И мажите глумат оргазам! Ова се главните причини зошто го прават тоа

popara24 април, 20241min00
Screenshot_11

Иако почесто слушаме и читаме дека жените глумат оргазам, за разлика од мажите, тоа не е така. Новото истражување на Durex откри дека дури третина од мажите ја лажираат кулминацијата за време на секс.

 

 

 

Во една студија на 2.000 хетеросексуални мажи, 32% од сексуално активните мажи признале дека во одреден момент одглимиле оргазам, во споредба со 43% од жените. Тоа не е толку голем јаз меѓу половите како што можеби се очекува, особено ако се земат предвид оние на кои не им било удобно да ги откриваат деталите од својот сексуален живот.

 

Веројатно се прашувате како е можно мажот да глуми оргазам. Според секс експертот на Durex, Аликс Фокс, „успехот“ на лажниот оргазам зависи од лукавството и брзото размислување.

 

Таа вели: „Ако се користи кондом, на мажот може да му биде многу лесно да го извади и да го фрли по сексот без неговата партнерка да забележи дека е празен. Дури и без заштитни контрацептиви, повеќе мажи ми кажаа дека суптилно плукнале во дланката, а потоа ја избришале течноста на постелнината или телото на партнерката со надеж дека ќе таа ќе помисли дека тој ејакулирал.

 

Еден маж, исто така, признал дека постојано се преправал дека се брише со својата долна облека или маица, велејќи ѝ на партнерката дека не не сакал да остави дамка некаде.

 

Таа, исто така, нагласува дека секс позите во кои партнерката не може јасно да види што се случува,можат да „обезбедат“ впечаток на оргазам. Кога станува збор за тоа зошто мажите лажат дека ејакулирале, избегнувањето на непријатни разговори беше главен фактор.

 

„Студија од 2010 година на Универзитетот во Канзас покажа дека главната причина што мажите ја наведуваат за глумење оргазам е да избегнат да ги вознемируваат своите партнерки кога не можат да доживеат кулминација“, вели Аликс Фокс.

 

Медиумските претставувања за машката сексуалност може да извршат голем притисок врз мажите. Мажите во медиумите и филмовите се прикажани како со нескротлив сексуален нагон и бескрајна енергија, што може да доведе до чувство на несоодветност ако тоа не се случи. Меѓутоа, во реалноста, сосема е нормално повремено да се доживее еректилна дисфункција или аноргазмија, а некорисните стереотипи поттикнуваат циклус на стрес и тајност.

 

Аликс објаснува: „Постојат различни работи кои може да му отежнат на мажот да ејакулира или да му биде потребно подолго време за да постигне оргазам, вклучувајќи стрес, замор, анксиозност, алкохол, лекови или одредени рекреативни дроги. Овие фактори ја исклучуваат можноста дека станува збор за емотивен проблем меѓу партнерите.“

 

Сепак, општеството верува дека ако мажот ја смета жената привлечна и добра во кревет, тој секогаш веднаш ќе сврши. Ова мислење е толку распространето што некои мажи се принудени да глумат оргазам за да избегнат да ги натераат партнерките да се чувствуваат несигурно, повредено или параноично дека има некаков проблем со нив или врската. Дури и ако е добронамерно, ако лажирањето стане навика, вреди да се бара основната причина – инаку вашата партнерка нема да има никакви сознанија, а вие сами ќе се борите со проблемот. Разговарајте со партнерката или со пријател од доверба, за тоа зошто чувствувате потреба да лажирате ејакулација. Споделувањето на проблемот ќе ви донесе чувство на олеснување, а слушањето на искуствата на другите може драматично да го намали срамот и стигмата околу темата.

 

Аликс препорачува и оддалечување од „оргазмичниот императив“, според кој сексот се смета за валиден само ако мажот ејакулира.

 

„Наместо тоа, да се фокусираме на взаемното задоволство и интимност и да ги прошириме нашите дефиниции за тоа како може да изгледа одличен секс, што понекогаш можеби не го вклучува оргазмот како крајна цел“, додава тој.

 

„Иронично, но ако се чувствувате слободни да кажете дека оргазмот не ви е крајната цел, но сте посветени во моментот и сакате да уживате во сексот и интимноста, тоа може да ве ослободи од тензијата или срамот и да ви го олесни оргазмирањето“, продолжува таа.

 

Различни терапии и медицински третмани се достапни доколку постои основна причина за аноргазмија, но првиот чекор е секогаш да се побара помош. Можеби ќе сакате да пробате и секс играчки, да го намалите притисокот да ѝ угодите на партнерката и да си понудите нови, возбудливи сензации.

 

„Играчките не ја заменуваат возбудата на човечкиот допир, но можат многу да го подобрат вашето искуство заедно. Тие се тука да го надополнуваат сексуалното искуство, а не да бидат конкуренција“, вели Фокс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma