Каде се наоѓа Поинт Немо – најоддалечената точка во океанот?

popara21 септември, 20241min00
1726899443-peter-f-fibrknjbpUo-unsplash-1024x768

Планетата Земја е полна со скриени места. Еден од нив е градот Рјукан, до кој сончевата светлина не допира, индонезиски вулкан кој исфрла сина лава и тајната банка на семиња Свалбард, пренесува РТС.

Некои од овие места се издвојуваат по својата убавина, чудност, па дури и изолираност, како што е случајот со непристапната точка во Пацификот наречена Поинт Немо.

Сместена во Тихиот Океан, таа е најоддалечената и најизолирана точка на Земјата, далеку од која било земја (околу 2.600 километри).

Мистерија која ги привлекува научниците

Станува збор за место на планетата кое во 1992 година го откри хрватскиот истражувач Хрвоје Лукатала, а името го доби по капетанот Немо од познатиот роман на Жил Верн „20.000 милји под морето“.

Точката се наоѓа на 48°52,6′ јужна географска ширина и 123°23,6′ западна географска должина.

Најблиското земјиште до оваа точка е островот Дуси и островот Моту Нуи во близина на Велигденскиот остров. Најблиското населено место е оддалечено околу 2700 километри.

Вселенската агенција ја користи оваа локација како т.н. „гробишта“ за потрошени и нефункционални вселенски сателити кои изгореле при повторното влегување во атмосферата на Земјата. Според некои статистики, досега таму се фрлени околу 300 сателити.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag