Розева, портокалова, лаванда, нане зелена… Ова се боите кои често ги избираме кога се во прашање маникирите во летните месеци. Сепак, една боја е особено популарна оваа година кога зборуваме за лак, а тоа е сината.
Летово можевте да видите син маникир на секој чекор, а можеби и сега, додека го читате овој текст, фрлате поглед на вашите сини лакирани нокти.
Сините лакови ја должат својата популарност на нивната разноврсност, а одличната работа е што постои цела палета на нијанси на сино за да одговараат на сечиј вкус. Азурно, пудра сино, морнарско… навистина постои опција за секого.
Фотографиите во нашата галерија докажуваат дека секоја од овие сини нијанси изгледа одлично на ноктите.
Избравме десетина фотографии од син маникир кои ќе ве натераат да посакате да имате една од омилените летни бои на вашите нокти.