Каков секс да се очекува на 20, 30, 40….

popara29 јуни, 20241min00
Screenshot_1

Без разлика дали сте во постојана врска или сè уште ја барате љубовта на својот живот, сексот е неизоставен дел.

 

 

 

 

Често околу него се кршат копја и имате разни дилеми. Дознајте како изгледа сексот по различни периоди од животот.

 

Секс на 20 години

 

Сексологот Carol Queen вели дека дваесеттите се години во кои преовладува срамот и срамежливоста. Експериментирањето е препорачливо со два услови – ако е сексот сигурен и ако паметно одбирате партнери. Queen нагласува дека чувството дека не сте доволно добри во кревет или не знаете што сакате, едноставно треба да им се препише на годините – млади сте имате време. Во овие години знаете какви типови на партнер ве привлекуваат, каде сакате да ги запознаете и каков секс најмногу ве исполнува.

 

Совет: Правиот пат до подобар секс во доцните години е оној да си останете верни на себе и на вредностите и приоритетите кои ви се важни. Избегнувајте мажи/жени на кои им е најважно да бидат задоволени отколку тие да задоволат.

 

Секс на 30 години

 

Мажите се сексуално најподготвени во тинејџерските години, а жените во триесеттите. Queen смета дека постојат фактори поради кои жените физички „цутат“ во триесеттите, но се смета дека таа граница повеќе зависи од тоа колку е жената опуштена кога се работи за сексуалните прашања и во кој животен период го изградила својот идентитет.

 

Совет: Кога имате самодоверба и знаете што сакате сигурно и вам и на партнерот сексот многу повеќе ќе ви годи.

 

Секс на 40 години

 

Во овој животен период повеќето жени влегуваат во пред менопауза. Queen нагласува дека истражувањата покажуваат дека низ слични состојби поминуваат и мажите. Хормоните имаат голема улога во сексуалноста, а понекогаш на жените им го отежнуваат стареењето, во сексуална смисла. Во овој период луѓето најчесто напорно работат за да обезбедат живот за децата и семејството. Затоа стресот и недостатокот на време за сопствени потреби често пати се виновници и за недостатокот на интимни моменти.

 

Совет: Тајната на добриот сексуален живот во 40-тите е во редовната физичка активност со примарна цел да го сочувате здравјето.

 

Секс на 50 години

 

Претпоставката дека во овие години сексуалниот живот е во самракот – не е точна. Се работи за нов почеток за оние што имаат отворен ум кон нови работи.

 

– Децата веќе се иселиле, жените не мораат повеќе да се грижат дали ќе останат бремени и често пати паровите наоѓаат сосема нови уживања во сексот – тврди Queen.

 

– Жените полесно поминуваат низ промените во животот ако имаат соодветна хормонска терапија, а некои почнуваат поздраво да живеат.

 

Совет: Клуч на сè е комуникацијата, бидејќи процесот на стареење кај некои парови има големо влијание на сексуалниот живот.

 

Често се пишува и зборува дека стресот, брзиот начин на живот и лошите навики го убиваат либидото, но има и други виновници кои не се толку очигледни. Така, долгогодишното пушење може да предизвика проблеми во потентноста кај мажите, а кај жените намалена влажност во вагината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag