Здравиот, разновиден и хранлив појадок ќе ви помогне да изгубите тежина бидејќи ќе ве држи сити подолго време.
Појадокот помага при слабеење бидејќи ги спречува флуктуациите на нивото на гликоза во крвта и помага да се контролира апетитот, пишува Express.
Докторот Мајкл Мозли сподели вкусен рецепт за „две минутен појадок“ на својот профил на TikTok, кој се состои од свежо сирење со боровинки и ореви.
Тој објасни дека едноставниот и здрав појадок ќе ве држи сити подолго време и ќе ви помогне да изгубите тежина.
„Започнете си го денот силно со овој брз и лесен рецепт од 286 калории! Свежото сирење, извор на протеини, ќе ве наполни со енергија и ќе ве држи сити подолго“, рече тој.
@thefast800_official Start your day strong with this quick and easy 286-calorie recipe! Cottage Cheese, the protein powerhouse, will keep you fueled and satisfied for longer 🌞💪 #breakfastgoals #cottagecheeserecipe #quickandeasyrecipe #ketofriendly #thefast800 #fast800 #michaelmosley ♬ original sound – The Fast 800
Рецепт
100 гр полномасно свежо сирење,
Половина лажичка мелен цимет,
40 гр боровинки,
20 гр ореви.
Здравиот, разновиден и хранлив појадок ќе ви помогне да изгубите тежина бидејќи ќе ве држи сити подолго време, спречувајќи ве да грицкате или често да јадете.Експертите препорачуваат да се одлучите за храна која е богата со протеини, како јајца и богата со растителни влакна, како што се овесни снегулки и житарки од цели зрна.
Тие се „одличен избор за слабеење и одржување“. Овие намирници ве задоволуваат и ве одржуваат да се чувствувате сити подолго време, според Webmd.
Healthline објасни дека е одличен извор на протеини и содржи релативно малку калории. Од друга страна, оревите се богати со протеини, а боровинките содржат „пристојна количина на влакна“.